Распродажба на возниот парк на „Жито Вардар“: Се нудат 5 патнички и 15 товарни возила

1154 Views Април 17, 2018 Бизнис Никола Осило

Вкупно двасет возила од кои 15 товарни и 5 патнички на „Жито Вардар“ АД Велес во стечај ќе се понудат на јавна продажба преку аукција закажана за 2 мај 2018 година. Возилата кои се проценети на вкупна сума од 2,4 милиони денари на аукцијата ќе се продаваат без почетна цена.

Разгледување на имотот и увид на истиот може да се изврши секој работен ден од 10,00 до 14,00 часот со претходна најава, или да добијат информации на телефони 070/221-156 и 075/423-320 или преку e-mail: pekons@yahoo.com.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!