Детален преглед на 101 компанија од Македонската берза: Кој прави милијарди, а кој загуба?

774 Views Април 17, 2018 Бизнис Никола Осило

Од вкупно 101 компанија што котираат на Македонската берза лани добивка оствариле 78 компании, а загуба 23 компании, покажуваат финансиски резултати на котирани друштва што ги објави берзата.

Во текот на минатата година има намалување на бројот на компании, кои работат со добивка односно зголемување на бројот на компании кои работеле со загуба во однос на претходната година кога добивка оствариле 83 компании, а загуба само 18 акционерски друштва.

Компаниите лани оствариле вкупна добивка од 11,4 милијарди денари, што е зголемување во однос на 2016 година кога добивката изнесувала 11,1 милијарди денари.

Инаку, лидери на листата од 101 компанија по остварени добивки се банките и тоа НЛБ банка со остварена добивка од 2,1 милијарди денари и Стопанска банка Скопје со реализирана добивка од 2 милијарди денари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!