Се уште трае ликвидацијата на Македонска банка: Драги Димовски нов ликвидатор на местото на Ацо Дамчевски

897 Views Април 17, 2018 Бизнис Никола Осило

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на промена на адреса на електронско сандаче за прием на писма и ликвидатор со решение од Основен суд Скопје 2 Скопје донесе решение со кое се одобрува пријавата.

„Се разрешува Ацо Дамчевски од Скопје од должноста ликвидационен управник на должникот Македонска банка АД -во ликвидација Скопје.За нов ликвидационен управник на должникот се назначува Драги Димовски од Струмица.

Се задолжува разрешениот ликвидационен управник Ацо Дамчевски во рок од 3 дена од приемот на оваа решение, да ја предаде својата должност на новиот ликвидационен управник Драги Димовски од Струмица“, пишува во решението.

Македонска банка важеше за групација која има најсилна банкарска инфраструктура, со мрежа во 30 градови, но потоа беше партизирана и контроверзно продадена на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ -Нини. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!