Поевтино е да се купи станче на море во Халкидики отколку гарсоњера во Скопје

3043 Views Април 17, 2018 Наша тема Никола Осило

На сајтовите за огласување се почесто на продажба се нудат нови и стари апартмани на повеќе места на Халкидики, но и во други приморски летувалишта во близина на нашата земја. Тоа што изненадува се ниските цени на станбените објекти во Грција во споредба со оние во Скопје.

Така, на продажба се нуди стан од 32 квадратни метри во Флогита-Халкидики, на 50 метри до море. Станот се наоѓа на 2-ри кат и се состои од дневна соба со кујна, современа бања со туш и WC. Станот е на агол, со две фасади со поглед на градот. Станот има практичен распоред, мебел, клима уред и тенди. 

„Ние сме директни соработници со најголемата Агенција за недвижности во Р.Грција, така да можете да сметате на врвна професионална подршка, во процесот на купување и упис во регистарот на недвижности“, пишува во огласот.

Исто така, на продажба се нуди апартман од 50 квадратни метри во Неа Миханона-Халкидики на 300 метри од море по цена од 33.000 евра.

Апартманот се наоѓа на 2-ри кат и се состои од дневна соба, кујна спална, бања со туш и WC. Апартманот е на агол од зградата. Апартманот има практичен распоред, опремен со мебел, клима уред и тенди. 

Неа Миханона се наоѓа на 20 км од Икеа и 15 километри од аеродромот, со првокласен рибен пазар, марина и интересни места за вечерни прошетки.

Од друга страна, во огласите за продажба во Скопје, а посебно оние во центарот на градот речиси е невозможно да се најде гарсоњера од триесетина квадрати под цена од 40.000 евра.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!