Жител на Кочани сакал да „задави“ докторка

633 Views Април 17, 2018 Локално Никола Осило

Докторка додека била на работа на Интерното одделение во Медицински центар во Кочани вчера околу 18:10 часот физички била нападната од страна на В.Т.(54) од Кочани, кој влегол во канцеларијата и незадоволен од третманот на неговата мајка на одделението ја фатил докторката со раце за вратот, а во понатамошната намера бил спречен од лице од Кочани, соопшти МВР.

Лицето е лишено од слобода и приведено во Полициската станица Кочани. Се работи на целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!