Пријавени три напади од кучиња во Скопје

516 Views Април 17, 2018 Локално Никола Осило

М.В. (20) од Скопје вчера во 23:30 часот пријавил во Полициската станица Гази Баба дека дента околу 21:00 часот, додека се движел пеш по улицата „Ташко Караџа“, бил нападнат од куче-скитник кое го каснало за десната потколеница.

М.Т. (50) од Скопје вчера во 14:30 часот во Полициската станица Центар пријавил дека на 13.04.2018 година околу 15:00 часот на улицата „Антонио Грубишиќ“ бил каснат од куче скитник при што се здобил со повреди на левата потколеница.

Б.Л. (41) од Скопје вчера во 17:10 часот пријавила во Полициската станица Центар дека дента околу 9:00 часот на улицата „Македонија“, додека се возела со велосипед, била нападната од повеќе кучиња-скитници од кои едното ја каснало на десната потколеница.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!