Габриел: Цените на роамингот се превисоки, нивното намалување ќе биде соопштено идниот месец

Во рамките на Дигиталниот самит кој денеска и утре се одржува во Скопје, ќе биде изработена дигиталната агенда за Западен Балкан која ќе биде презентирана на самитот во мај во Софија.

Тогаш се очекува еврокомесарката Мариа Габриел да го соопшти намалувањето на цените на роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан, но и кон земјите-членки на ЕУ.

Еврокомесарката Марија Габриел рече дека намалувањето на цените на роамингот е сложена тема и во ЕУ тоа бил процес кој траел 10 години.

– Ја поздравувам волјата на мобилните оператори од регионот кој учествуваат во конструктивните дијалози за намалување на цените на роамингот кој во земјите од Западен Балкан и ЕУ се многу високи. Прашањето за роамингот е неопходно и корисно за бизнисот и граѓаните – рече Габриел.

Премиерот Зоран Заев учествувајќи на првиот панел, рече дека државата е подготвена да партиципира во намалување на загубите на мобилните оператори доколку ги намалат цените на роамингот.

– Треба да определиме буџетски пари, ако сакаме да побараме поддршка од европските фондови. Преку интернет сакаме да им овозможиме на граѓаните да не го трошат времето на шалтерите за да добијат услуги од администрацијата. Нема да измислиме топла вода туку ќе имплементираме тоа што се спроведува во западниот свет – додаде Заев.

Во рамки на Дигиталниот самит, ќе се дискутира за дигиталното образување на земјите од Западен Балкан, подобрување на инфраструктурата како и зголемување на сајбер безбедноста во овој регион.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести