ДЗР: Граѓани и фирми покренале мултимилионски тужби против општина Центар

2553 Views Април 19, 2018 Бизнис Никола Осило

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на општина Центар во кој меѓудругото ревизорите обелоденуваат дека општината е тужена странка во 26 судски спорови вредни околу 400 милиони денари.

Општината ја тужат 12 правни лица за долг од 248 милиони денари и и 14 физички лица за долг од 148 милиони денари.

Од друга страна, општина Центар се јавува како тужител во 19 процеси, од кои 11 против правни лица за долг од 46 милиони денари и 6 физики лица за долг од 297.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ДЗР го објави „спорниот“ извештај: Општина Карпош тужена во 117 постапки вредни половина милијарда денари

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!