Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017 година

Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак, за потоа да се рециклира, наместо да заврши на депонија.

Целта на ваквиот собир е да им се укаже благодарност за совесноста и иницијативата да бидат дел од оваа акција која има за цел да ја подигне свесноста на повисоко ниво во однос на третманот на отпадната амбалажа.

Покрај сопствениците на кафулињата, рестораните и претставници од Пакомак на настанот присуствуваа и претставници од општините: Карпош, Аеродром и Центар, кои го препозна значењето на овој настан и ја дадоа својата безрезервна поддршка.

„Задоволство е да се соработува со вакви луѓе кои покажаа голема свесност за важноста да се селектира отпадот. Благодарение на овој проект Пакомак месечно успева да собере над 80 тони стаклени шишиња чија крајна дестинација се фабриките за рециклирање на стакло.

Тоа значи над 200.000 шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат шишиња, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината. Оваа активност досега се покажа како многу ефикасна иако од самите угостители не бара голем ангажман, освен високо ниво на еколошка култура која посакуваме да ја имаме и кај секое домаќинство во државава.“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

Во ланецот на еко угостителски објекти влегуваат над 600 објекти од целата држава. Оваа година 23 угостителски објекти се закитија со признанијата за најеколошки локали:  La Тerrazza, Пелистер, Скопски мерак, Дукат, Дојрана, Барбакан, Енрико, Форца, Русија, Синдикат, Фурна, Круг, Дион, Баду, Irish Pub St. Patrick, Јавна соба, Хотел Бистра Маврово, MKC club & restaurant, Play city cafe, Сидро, Гнездо, XXL, Мартини.

“Сметаме дека оваа акција на Пакомак е вредна секој угостителски објект да и даде значение и да се приклучи. Нашиот напор е минимален, а придобивките многу големи и значајни за целата општествена заедница. Иднината на успешните угостители не е само во квалитетот на услугата што ја нудат, туку и во нивната одговорност кон зачувување на средината во која работат, одговорност кон општеството во кое живеат и заработуваат. Се надеваме дека ова е значаен чекор кон тоа да станеме земја со развиена еколошка свест и модерно управување со отпадот кој го создаваме” се сложија угостителите.

 "Are You Recycling" е проект на Пакомак кој има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад. Со цел да им оддаде признание на најдобрите според количините на стакло кое го селектирале, Пакомак секоја година ги избра најдобрите еко угостителски објекти.  

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.