Решение за трговската војна: Можно е целосно укинување на маркичките за увоз на српско брашно

Можно е целосно укинување на маркичките за увоз на српско брашно, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него со меморандумот меѓу Македонија и Србија што треба да биде потпишан до 30 јули годинава, ќе се отвори и потребата од укинување на маркичката.

- И при првата средба во Скопје рековме дека отвораме храбри чекори за унапредување на соработката и укинување на нетарифните бариери. Веќе е договорено олеснување при извозот на оризот во Србија, радиоактивноста ќе се проверува на границата без да се чека, за ГМО ќе се признаваат нашите сертификати, анализи за листерија ќе се земаат само при проценка на ризик, а не постојано како сега, се кратат процедурите и за извоз на нашите градинарски производи, договорено е за максимум еден ден да завршат сите постапки, напомена министерот.

Најави дека Агенцијата за храна и ветеринарство веќе воспостави нов систем на контрола, коридор при влезот на пратки со што надзорот е засилен.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.