Учениците од Кочани кои направија робот, ќе учествуваат на светски натпревар во организација на познатата компанија ЛЕГО

Учениците од Кочани, кои создадоа робот кој извршува задачи од областа на хидродинамиката, нивниот пронајдок ќе го претстават на Светското првенство во Детроит, САД, организирано од Асоцијацијата за препознавање на наука и технологија и од компанијата ЛЕГО.

Иновацијата, орјан, Мима, Сара, Ана, Никола, Давид, Јован, Петар, Моника денеска ја претставија во Фондот за технолошки развој и иновации. 

„Можам слободно да кажам дека Македонија може да се гордее и да очекува светла иднина со вакви млади луѓе. Овој тим од вредни, креативни и посветени ученици ќе ја претстави и промовира Република Македонија на светската мапа на млади иноватори и затоа ја заслужуваат сета наша поддршка“, изјави премиерот Зоран Заев на кого учениците му го претставија изумот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.