Адвокатот Сашо Дукоски смета дека тоа што девојката јавно пушела џоинт, не е кривично дело

Адвокатот Сашо Дукоски смета дека тоа што девојката јавно пушела марихуана, и притоа беше приведена од полицијата, не е кривично дело.

„Тоа што оваа девојка пушела џоинт и после ја привеле во полиција не е и не може да биде кривично дело, ако само таа пушела марихуана, мислам своја и со никого не споделувала, тогаш кога е видеото.

Најмногу, велам најмногу, а прашање и тоа е големо, дали има доволно елементи за прекршок против јавен ред и мир. Нешто како да пиеш пиво на плоштад (на јавно место и тоа е прекршок). Ни милиметар повеќе“, вели Дукоски на неговиот фејсбук-профил.

Тој лично се залага за легализација на канабис за лична употреба.

„Тоа мора и треба да се случи. Нема реално оправдание зошто не се случува до сега. Зборам за лична употреба да нема недоразбирање. Се друго е чиста глупост и практицирање на Северна Кореја воопшто“, додава Дукоски.

Фото: Телма

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Владата расположена за дебата за декриминализација на марихуаната

Драма за еден џоинт!

Огромна посетеност на манифестацијата во Скопје посветена на марихуаната, пораките испратени

(ВИДЕО) Македонските музички ѕвезди и јавни личности за декриминализација на марихуаната

Низ светот марихуаната се продава во продавница, кај нас и поседување на еден џоинт е кривично дело

Се раздвижува пазарот за производство на масло од канабис, ќе падне ли конечно и цената

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.