Владата расположена за дебата за декриминализација на марихуаната

Поради актуелноста на барањето за декриминализација на мархуаната од страна на Здружението за канабис и зелени политики, БИЛКА, еМагазин ја праша Владата, кој е нејзиниот став по оваа прашање.

„Владата на Република Македонија, следејќи го принципот на слобода на говор и отворена дебата секогаш ќе ја охрабрува јавноста и граѓанските организации да отворат дебати за сите прашања кои се од интерес на граѓаните на земјава и очекува за истите да се разговара без предрасуди, базирано на факти, како и врз основа на јасни индикатори. Владата на РМ секогаш ќе ги носи своите одлуки врз база на презентирани аргументи и ќе се води од приоритетите и интересите на граѓаните„, велат од Владата за еМагазин.

Да потенцираме, дека декриминализацијата не значи легализација на употребата на марихуаната за лични потреби.

Во Македонија поседување и на една цигара со марихуана за лична употреба е кривично дело.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Адвокатот Сашо Дукоски смета дека тоа што девојката јавно пушела џоинт, не е кривично дело

Драма за еден џоинт!

(ВИДЕО) Македонските музички ѕвезди и јавни личности за декриминализација на марихуаната

Низ светот марихуаната се продава во продавница, кај нас и поседување на еден џоинт е кривично дело

Се раздвижува пазарот за производство на масло од канабис, ќе падне ли конечно и цената

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.