Се собираат средства за талентирани ученици да настапат на Олимпијада на знаење

Организацијата на македонски иселеници низ светот, Форум за демократска Македонија, собира средства за помош на талентирани ученици на разни натпревари и олимпијади на знаењето. 

Вашите средства може да ги уплатите на следниот линк www.gofundme.com/paskalsotirovski.

На страницата за донации, пишува:

"Ние веруваме дека благосостојбата на општеството може да се постигне само преку постојано учење и образование. Овие кампањи се наменети да ги поддржат македонските средношколски тимови по математика и физика во наредниот интернационален натпревар во јули, кој ќе се одржи во Португалија за физика и Романија по математика.

Вашата донација и поддршка ќе им помогне на македонските тимови да добијат потребните средства за такса за регистрација и транспортни трошоци. Да им помогнеме на средношколците од Македонија да учествуваат на Меѓународните Олимпијади за математика и физика! Талентираните ученици ја заслужуваат нашата поддршка. Заедно, да им помогнеме да учествуваат на Олимпијадата за математика што годинава се одржува во јули во Романија и Олимпијадата за физика, во Португалија".

За да учествуваат на двете олимпијади на учениците им се потребни средства за регистрација: 7.000 американски долари и дополнителни средства за превоз.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.