Во кои земји во светот животот е најскап?

Животот е Њујорк е скап, но САД дури не влегуваат во топ 20 најскапи држави за живот, покажува истражувањето на Movehub.

Земјите во Западна Европа доминираат во рангирањето. Од Movehub го направиле рангирањето на база на податоци од Numbeo - сајт кој ги споредува цените на исти стоки во целиот свет.

Numbeo користи разновидни податоци како сајтови на супермаркети, такси компании, државни институции, медиуми, информации и др.

Погледнете како изгледа топ 15 најскапи држави за живот во светот. Индексот е направен врз основа на цените во Њујорк, кој се зема за 100.

Швајцарија има индекс 126.03, што значи дека животот таму е со 26,03% поскап од оној во Њујорк.

Еве ги топ 15:

1. Швајцарија - 126.03

2. Норвешка - 118.59

3. Венецуела - 111.01

4. Исланд - 102.14

5. Данска - 100.60

6. Австралија - 99.32

7. Нов Зеланд - 93.71

8. Сингапур - 93.61

9. Кувајт - 92.97

10. Велика Британија - 92.19

11. Ирска - 92.09

12. Луксембург - 91.78

13. Финска - 89.68

14. Франција - 88.37

15. Белгија - 87.22

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести