Прв дојден прв услужен: Град Скопје го распиша повикот за субвенционирање на велосипеди

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, денеска распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед.

Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик, заклучно со 31 август ќе им надомести  дел од трошоците направени при купување велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 отсто од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Целиот повик може да го прочитате ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.