„Водостопанство на Македонија“ распиша оглас за вработување на 21 лице

2084 Views Април 23, 2018 Бизнис Никола Осило

Акционерското друштво „Водостопанство на Република Македонија“, во државна сопственост, Скопје објави оглас за вработување на определено време и сезонска работа за 21 работно место.

Се бараат:

Подружница Полог – Гостивар

1 Две лица на работно место општи работници (за периодот до 31.10. 2018), со завршено основно или ССС, KB, HKB, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

2. Пет лица на работното место - водари (за периодот до 31.10. 2018 година), со завршено основно или ССС, KB, HKB, со или без работно искуство.

Основна плата за работнотои место е 12.000 денари.

Подружница Јужен Вардар – Гевгелија

1 Едно лице на работно место оператор на пумпи (за периодот од 01.06. 2018 до 31. 08. 2018 година), со завршено средно машинска насока IV степен или КВ, 1 година работно искуство.

Основна плата за работното место е 13.500 денари.

Подружница Црн Дрим – Охрид

1 Едно лице на работно место - работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Слатино и Велмеј), за периодот до 31.10. 2018 година, со завршено основно или средно образование, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

2. Едно лице на работно место - работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Мешеиште и Волино), за периодот до 31.10. 2018 година, со завршено основно или средно образование, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

3. Две лица на работно место работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Косел и Лакочереј), за периодот до 31.10. 2018 година, соо завршено основно или средно образование, со или без

работно искуство. Основна плата за работното место е 12.000 денари.

4. Три лица на работно место - работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Корошишта и Џепин), за периодот до 31.10. 2018 година, со завршено основно или средно образование, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

5. Едно лице на работно место - работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Вевчани и Октиси), за периодот до 31.10. 2018 година, со завршено основно или средно образование, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

6. Три лица на работно место - работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на Ресен и Крани), 
за периодот до 31.10. 2018 година, со завршено основно или средно образование, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

7. Две лица на работно место - работник за чистење и одржување на ХМС (за подрачјето на општина Кичево), за периодот до 31.10. 2018 годиина, со завршено основно или средно образование, со или без работно искуство.

Основна плата за работното место е 12.000 денари.

Работниот однос се заснова на полно работно време, со неделно работно време од 40 часа.

Дневното работно време трае 8 часа и започнува од 7:30 до 15:30 часот, со пауза од 30 минути.

Со пријавата, кандидатите треба да достават:

- Пријава

- Копија од лична карта

- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар)

- Доказ за работно искуство за работно место за кое се бара работно искуство

- Уверение за државјанство (копија)

- Лекарско уверение за општа здравствена способност (не постаро од 6 месеци)

- Контакт телефон.

Огласот трае пет работни дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните кандидати пријавите со потребните документи за исполнување на посебнитер услови по овој оглас можат да ги достават непосредно до архивата на Акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, ул. 3та Македонска Бригада, бр. 1 Оа, Скопје или по пошта, со назнака „ЗА ОГЛАС, Телефон за контакт 078499473, лице за контакт Јана Авировиќ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!