Назначен нов управител на градежната компанија Трансмет на Сеад Кочан

Славица Георгиева е назначена за управител на Друштвото за градежништво, транспорт и трговија Трансмет ДОО Скопје која е во сопственост на бизнисменот Сеад Кочан.

Според објавата на Централниот регистар таа доаѓа на местото на Маја Галевска, која досега беше управител на градежната компанија.

Трансмет е една од градежните компании која работи како подизведувач на конеската компанија Синохидро на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. 

Нејзиниот сопственик Сеад Кочан е обвинет во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство каде се сомничат фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“ дека со лажна документација направиле конзорциум и победиле на тендер вреден над 17 милиони евра.

Првоосмничен е бизнисменот Кочан. 

Фото: Телма

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.