Кои се најниско платени професии во Македонија

Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето плата во декември минатата година изнесува 23.158 денари или 375 евра. Тоа е за 3,6% повеќе споредено со истиот месец минатата година.

Сепак има категории кои земаат двојно пониски плати од просечната плата во Македонија.

Ова се топ пет професии во Македонија кои имаат најниска просечна исплатена нето- плата според податоците на Државниот завод за статистика:

1. Заштитни истражни дејности  13.104 денари

2. Производство на кожа 13.631 денари

3. Производство на мебел 14.982 денари

4. Рибарство и аквакултура 15.001 денари

5. Производство на облека 15.028 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каде има најголем пораст на платите за една година?

Топ три најплатени професии во Македонија

Finance Think: Просечната плата во 2018 година ќе се движи околу 24.000 денари

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.