Комерцијална банка АД Скопје наградена од Commerzbank AG, Frankfurt

Комерцијална банка АД Скопје е добитник на наградата Commerzbank’s  STP Excellence Award за 2017 година, како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања. 

„Оваа награда е особено значајна бидејќи Commerzbank ја потврдува одличната соработка и по втор пат го признава извонредниот квалитет  во директната обработка на плаќањата на Комерцијална Банка АД. 

Високиот степен на ефикасност на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што и дава конкурентска предност на Банката.Наградата претставува уште една потврда за квалитетот на девизното работење, но и обврска за постојано автоматизирање и унапредување на овој сервис“, информираат од банката.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.