Кои се новите општински претседатели на ВМРО-ДПМНЕ

На редовниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа на ден 23.04.2018 освен што беше анализирана актуелната економска, политичка и општествена состојба во државата, беа разгледувани и донесени и кадровски одлуки и беа финализирани постапките за избор на повеќе претседатели на Општинските комитети низ Македонија, информираат од партијата.

За претседатели на Општински комитети се избрани:

Куманово – Бране Петрушевски

Сопиште – Јане Мицевски

Гостивар – Лоран Сарашевски

Чучер Сандево – Зоран Бајовски

Велес – Игор Здравковски

Чаир – Ѓоко Велковски

Кичево – Ѓорѓија Сајкоски

Кавадарци – Зоран Јованчев

Неготино – Златко Пенков

Валандово – Дејан Бошков

Босилово – Тони Граждабнлиев

Василево – Живко Атанасов

Ново Село – Николче Стоилков

Гевгелија – Андон Сарамандов

Богданци – Кристијан Тодоров.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.