Меѓуресорска комисија на Владата ќе решава како ќе се градат хидроцентралите Чебрен и Галиште

Ресорска комисија составена од повеќе министерства ќе решава како ќе се реализира проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна река. одучи денеска Владата.

„На предлог на АД за производство на електрична енергија, „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје беше разгледана информацијата за текот и активностите за проектите ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште. Владата на Република Македонија ги задолжи Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и Министерството за економија да формираат меѓу ресорска комисија со претставници од повеќе министерства и државни претпријатија да подготви препораки за понатамошни активности за продолжување на проектот“ информираат од владината Прес служба. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.