ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи укинување на дополнителната акциза на дизелот воведена од 1. јануари

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување, односно укинување на дополнителната акциза за дизелот од 3,5 денари којашто од 1. јануари оваа година ја воведе Владата.

Се работи за огромно оптоварување и за граѓаните и за стопанството и од тие причини гледаме дека секојдневно цената на дизелот во Република Македонија расте, изјави пратеникот Владимир Ѓорчев на прес-конференција во Собранието.

-Откако Заев и Тевдовски влегоа во Владата, цената на дизелот се зголеми од 46 на 60 денари, односно зголемувањето е 30 проценти. Од тие причини државата најмалку што може да направи е да ја укине дополнителната давачка што со повеќе од 30 милиони евра ќе ги удри по џебот и граѓаните и превозниците, и камионџиите, и оранжериското производство, претпријатијата, транспортните компании, а по тоа таа цена, тие зголемувања ќе се рефлектираат и на другите производи во Република Македонија, коишто исто така одат надоле“, изјави Ѓорчев.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.