Општина Пласница купува службено возило хеџбег на лизинг за 15 илјади евра

Општина Пласница овјави оглас за доделување на договор за јавна набавка на ново патничко моторно возило за потребите на општина Пласница, по пат на финансиски лизинг.

Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 912.550 денари без ДДВ или околу 15 илјади евра.

Според спецификацијата општината бара да купи патничко возило хеџбек или караван произведена 2018 година.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Набавката може да ја видите ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.