(Фото) Халкбанк АД Скопје наградена од Commerzbank AG Frankfurt

Халкбанк АД Скопје е добитник на наградата “STP Excellence Award “ за 2017 од Commerzbank како признание за квалитет и брзина во процесирање на меѓународните плаќања.

„Оваа награда е особено значајна и ја потврдува одличната соработка на Халкбанк АД Скопје со Commerzbank како и квалитетот и брзината на Банката во делот на процесирање на комерцијалните плаќања и трансферите на финанските институции .



Халкбанк постојано работи во насока на зголемување на задоволството на клиентите, континуирано унапредувајќи ги своите услуги со цел заштеда на време и трошоци, а истовремено обезбедувајќи квалитетна и високо ефикасна услуга.



Во таа насока Банката продожува да работи на постојано усовршување на своите активности во делот на меѓународните плаќања, како и во сите останати делови на своето работење„, велат од Банката.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.