Анализа на НИН: Македонија последна во регионот по економски раст и просечна плата

Српскиот неделник НИН направи анализа за економските параметри на земјите во регинот.

Анализата на неделникот покажува дека најлоши оценки во регинот по сите 10 параметри кои што се анализирани, најлошо стои Србија.

На оваа листа Србија се наоѓа на дното со индекс на економска сила од 3,62.

Бројките покажуваат дека иако мала, инфлацијата од 3% на Србија е најголема во регионот. Платите се помали само во Македонија, која е последна на листата на ова рангирање. Единствено само Босна и Херцеговина инвестира помал дел од БДП од Србија.

Вкупно гледано, анализата на НИН покажува дека во регионот најдобро економски стои Бугарија со индекс од 8,50, по што следи Романија со индекс од 8,25. Хрватска е на трето место со индекс од 6,12, по што следи Албанија со индекс од 5,25.

Потоа тука е Босна и Херцеовина со индекс од 4,62, по што следи Црна Гора со индекс од 4,50. Претпоследна е Македонија со индекс од 4,12 и на последно место на листата е Србија со индекс 3,62.

Статистиката не е светла кога ќе се спореди растот на БДП во проценти. Предводи Романија со 6,7%. Македонија е на последно место со 0 проценти раст.

На второ место е Бугарија со раст од 3,55, Албанија со раст од 3,4%, Босна и Херцеговина со раст од 3%, Хрватска со раст од 2,6% и Србија со раст од 1,9%.

Кај просечната исплатена плата, Македонија е на дното. Според анализата на НИН, поголема плата од нас имаат Србите и тоа 395 евра.

Во Босна и Херцеговина просечната плата е 436 евра, во Албанија 437 евра, во Црна Гора 510 евра, во Романија 522 евра, Бугарија 542 евра, а во Хрватска која е на врвот на листата има просечна плата од 861 евра.

Извор: НИН

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.