Клучни совети за фриленсерите: Како да го направите вашето време попродуктивно

2025 Views Април 28, 2018 Office Редакција Емагазин

Со оглед на тоа дека бројот на фриленсери се повеќе се зголемува, угледниот весник The Guardian пишува како, доколку сте фриленсер, да ги избегнете вообичаените замки и своето работно време да го направите попродуктивно.

Однесувајте се како да сте на работа
Затоа што навистина сте. Ова делува очигледно, но само дел од фриленсерите се однесуваат така. Иако работите од дома, добра идеја е повремено да се однесувате како да сте во канцеларија. Облечете се адекватно, почнете на време со работа, одржувајте го организиран вашиот работен простор и обидете се вашиот личен живот и работата да ги држите одвоено.

Бидете добар шеф
Најопасната замка во која фриленсерите паѓаат е тоа што не си удоволуваат самите на себе. Јасно е зошто е тоа така. Се чини, а се тоа сами си плаќате. Се обидувате да заштедите во секој момент, си скратувате работи кои ви се потребни за добро да работите. Затоа, бидете добар шеф и третирајте се онака како што би сакале да ве третира вашиот работодавач.

Платете се самите себе
Да обезбедете и да ја завршите работата е забавен дел. Да обезбедите да бидете за тоа платени секогаш делува како дополнителна задача. Имајте го во вид секој дел од работата која ја правите и прецртајте го дури тогаш кога сте сигурни дека ќе бидете платени за тоа.

Не се обвинувајте
Многумина чувствуваат вина кога работат оти не се сте со своите деца, а кога сте со нив, тогаш чувствувате вина оти не работите. Ова е класична lose –lose ситуација. Затоа престанете со тоа.

Направете пауза
На сите им е понекогаш потребен одмор. Дозволете си сами на себе боледување. Имајте барем еден ден слободен во текот на неделата, дури и ако тоа не може да биде во текот на викендот.

Зголемете си ја платата
Како што се зголемува вашето искуство, тоа треба да се одрази и на вашата плата. Кога би биле во улога на вработен, би имале редовни состаноци со шефот и сигурно ќе разговарате за покачување. Тоа важи и ако сте фриленсер. Затоа, дајте си самите на себе покачување.

Користите деловен јазик
Ова особено се однесува на родителите кои работат, чиј домашен и бизнис живот најчесто се судираат. Еве пример на една деловна реченица која може да ја користите со цел да оставите професионален впечаток: „Детето ми е болно“, „На годишен одмор сум“. Зборувајте како професионалец и така ќе се однесуваат и кон вас.

Научете да кажете не
Фриленсерите ретко кога ја запоставуваат работата. Понекогаш ентузијазмот и ефикасноста се клучни, но да се биде повремено недостапен може да има магичен ефект и да направи вие да бидете почесто барани, па со самото тоа и бизнис понудите ќе бидат подобри.

Направите си за себе новогодишна забава
Нова година може да биде депресивен период за фриленсерите. Секаде околу вас се прават забави од фирмите и коктели. Тоа не значи дека и вие не можете да го направите тоа. Украсете ја вашата кујна и прогласете се за работник на годината. Го заслужувате тоа.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести