Доволни ли се пет дена за да конкурирате на оглас за државно вработување?

Последниве месеци беа распишани поголем број на огласи за вработување по министерствата и државните и јавните претпријатија.

Дел од огласите во јавноста беа и критикувани, (не само од аспект дека бројот на вработените во јавната администрација не само што се намалува, туку и се зголемува), дека се само формални објавени, и дека некој близок до власта веќе го добил тоа работно место.  

Интересен момент во дел од огласиве е дека рокот за пријавување е само пет дена. Дали овој временски период е доволен да се исполнат сите услови во делот на обезбедувањето на потребната документација, имајќи го во предвид фактот колку комплицирано може да биде добивањето на еден документ по нашите институции.

Дали пет дена се доволни да се обезбеди доказ за државјанство на Република Македонија, доказ за општа здравствена способност за работното место, доказ со правосилна судска пресуда дека на кандидатот не му е изречена казна забрана на вршење професија, доказ за работно искуство, доказ за одредени вештини и познавања... документи кои се задолжителни при секој оглас за државно вработување.

Друг момент е дека документите во време на мејл и интернет, треба да се испрат по пошта, за што е исто така потребно време, што не оди во прилог на некои кандидати. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.