Кој е Фатмир Бесими, можниот прв Албанец гувернер на Народната банка

ДУИ сака новиот гувернер на Народната банка на Македонија да биде Фатмир Бесими. Доколку и нивниот коалиционен партнер во власта, СДСМ, се согласи за овој предлог, Бесими може да стане првиот гувернер Албанец.

Доколку парламентарното мнозинство не му даде доверба на актуелниот гувернер Димитар Богов, кој е предложен од претседателот Ѓорге Иванов, двете страни ќе мора да најдат заеднички јазик и да усогласат предлог-кандидат кој ќе биде по мерка и на Иванов и на власта.

Кој е Фатмир Бесими?

Бесими, кој е член на ДУИ, сега работи како советник на премиерот Зоран Заев.

Основното и средното образование ги завршил во родното Тетово, а на економскиот факултет во Скопје во 1998 година дипломира на отсекот економија - финансии и банкарство.

Постдипломските студии ги завршува на универзитетот Стартфордшир, Стоуконтрент во Велика Британија, а со одбраната на дисертацијата на тема „Монетарна политика и политика на девизен курс во Република Македонија при процесот на пристапување кон Европската Унија“, во 2007 година станува доктор по економски науки.

Бесими два пати беше министер за економија, а еднаш министер за одбрана. Беше и потпреседател на Владата за европски прашања.

Тој работел како економист во канцеларијата на Светска Банка во Косово, а во периодот од мај 2001 до октомври 2002 беше на вицегувернерската позиција во Народна Банка на Република Македонија.

Фото: Влада на РМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има гувернерот Димитар Богов

Каков имот има Фатмир Бесими, најсериозниот кандидат за нов гувернер

ДУИ сака Фатмир Бесими да биде новиот гувернер, Богов не го прифаќа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.