Каков имот има Фатмир Бесими, најсериозниот кандидат за нов гувернер

Фатмир Бесими е единственото име кое моментално се спомнува како предлог за нов гувернер на Народната банка на Македонија, ако се исклучи предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, актуелниот гувернер, Димитар Богово, да биде реизбран на оваа позиција.

Предлогот е на ДУИ, а од СДСМ се уште не се изјасниле дали за нив Бесими е добар предлог.

Во меѓувреме, еМагазин Ви пренесува каков имот до Државната комисија за спречување на корупцијата пријавил Бесими пред кога станал потпреседател на Владата за европски прашања 

Најмногу имот пријавил на име на родителите: куќа од 160 метри квадратни во Тетово, проценета на 10.455.000 денари, градежно земјиште од 1.200 метри квадратни, проценето на 6.765.000 денари и земјоделско земјиште од 1.000 метри квадратни, проценето на 1.230.000 денари.

Заеднички имот му е куќа од 410 метри квадратни во Скопје, проценета на 13.530.000 денари, и кредит од 4.920.000 денари.

На име на фамилија, пријавил две возила, Опел Антара и Шевролет Спарк.

Фото: Секретарјат за европски прашања

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има гувернерот Димитар Богов

Кој е Фатмир Бесими, можниот прв Албанец гувернер на Народната банка

ДУИ сака Фатмир Бесими да биде новиот гувернер, Богов не го прифаќа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.