Каков имот има гувернерот Димитар Богов

Дали актуелниот гувернер, Димитар Богов ќе биде реизбран на оваа позиција ќе стане јасно наскоро, а во меѓувреме Ви пренесуваме каков имот до Државната комисија за спречување на корупција пријавил кога стапил на оваа функција.

Според неговиот анкетен лист, пријавил три стана. Еден заеднички во Скопје од 170 метри квадратни, проценет на 10,2 милиони денари, еден на брачниот другар, во Варшава, Полска, од 43 метри квадратни, проценет на 5,2 милиони денари и еден на свое име од 88 метри квадратни, во Скопје, проценет на 6 милиони денари.



Сите се стекнати со договор за купопродажба.

Богов вози Мопед Пјаџо и Даеву Тика, а како заедничко возило пријавил Киа Сид.

На свое име пријавил и акции, а и кредит од 5,5 милиони денари, кој ќе го отплаќа до 2033 година, а го зел во 2013 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: НБМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има Фатмир Бесими, најсериозниот кандидат за нов гувернер

Кој е Фатмир Бесими, можниот прв Албанец гувернер на Народната банка

ДУИ сака Фатмир Бесими да биде новиот гувернер, Богов не го прифаќа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.