Игор утре ќе биде опериран во Турција, финансиите се обезбедија

По апелот на социјалните мрежи и текстот што на „еМагазин“ за Игор се сподели со молскавична брзина, финансиските средства за негово лекување се обезбедени.

„Финансиските средства се обезбедени од анонимен паталец, а авионските билети ги плати Деспина Велковска. Воедно благодарност и до Жана Величковска што несебично ни излезе во пресрет. Ви благодариме на сите хумани луѓе што го раширивте постот. Игорче утре лета за Турција, му посакуваме успешна операција и лесно заздравување. Бидејќи ќе има и постоперативен период и терапија можете да донирате на отворените донациски броеви и да му помогнете на Игор да успее во оваа борба“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

143181 Телеком

143468 Вип/Оне

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Игор е во критична состојба, утре треба да се оперира во Турција недостасуваат финансии

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.