Работниците со ниски примања се уште може да аплицираат за бесплатен одмор: Прв дојден, прв услужен

Подготовките за туристичката сезона и интересот на граѓаните за владината мерка за поддршка на локалниот туризам со бесплатен одмор за работници со ниски примања, беа тема на денешната средба во Струга на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на Здружението на хотели, ресторани, кафулиња и автокампови (ХОТАМ).

„Досега се поднесени 835 барања за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата“, информира Бектеши.

Тој потенцираше дека по минатогодишниот пилот проект за поддршка на внатрешниот туризам кој даде видливи резултати, Министерството за економија продолжува со истата мерка и оваа година, во соработка со приватниот сектор.

За користење на мерката работниците со ниски примања можат да аплицираат до крајот на месецов, врз основа на принципот „Прв дојден-прв услужен".

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!