Ретка видео-снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев

3210 Views Мај 5, 2018 Ретро Никола Осило

Херојската и трагична смрт на Гоце Делчев се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница. По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан. Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги презела Илинденската организација. Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија.

Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.

Видео:Youtube/mungos80

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!