(Фото) Етно-ресторан Св.Петка Велгошти: Вкусете нешто поинакво

Во уникатно уреден амбиент,со звукот на традиционалната македонска музика, на местото каде нежно се допираат Охридското езеро и чистиот планински воздух на Галичица споени се љубовта кон македонската кујна и уживањето.

„Нашата храна инспирирана е од традицијата,направена по старите рецепти на нашите баби. Ние не го забораваме минатото,ние го оживуваме. Со чашка домашна ракија,ќе го вкусите домашниот зеленчук од нашата градина. Леб испечен од вредните раце на домаќините,старите и помалу заборавени пити,џомлезе и питулици,а после тоа препуштете се да ве изненадиме со нашите месни специјалитети,направени по нашите уникатни и единствени рецепти“, се вели на фејсбук-профилот на етно-ресторанот.

Фото: Фејсбук профил на етно-ресторанот Св.Петка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.