Нов план на Москва за Балканот: Руска бура во три чекори

Во извештајот насловен „Дали Западен Балкан се соочува со руска бура?“, објавен од Европскиот совет за надворешни работи, се наведува дека новиот план на Русија за регионот, а контра ЕУ и НАТО, најверојатно ќе се базира на три класични стратегии, пишува Радио Слободна Европа.

За ширење на своето влијание во Западен Балкан, Москва во својот план вклучува и настојува целосно да искористи три класични стратегии - Раздели, па владеј, придобивање на елитите и искористување на нереалните очекувања.

Ова е заклучокот на поглавјето „Московски стратегии“ од најновиот извештај на Европскиот совет за надворешни работи насловен „Дали Западен Балкан се соочува со руска бура?“, во кој се предупредува дека Москва и оваа година ќе продолжи со нејзината пропаганда за кочење на односите на Западот со Балканот и покрај се по засиленото отворање и на НАТО и на ЕУ кон земјите-аспиранти за членство во двата западни сојузи.

Целата анализа на РСЕ, ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.