Инфлацијата притиска: Поскапувања кај зеленчукот, месото, млекото, горивата...

Трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, забележале пораст од 1,4 %, а цените на мало пораст за 3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот и цените на мало, во април 2018 година, во однос на претходниот месец пораснале за 0,3 отсто.

Пораст на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3,6 %, замрзнатото овошје за 1,2 %, другите преработки од месо за 0,9 %, месото за 0,7 %, другите прехранбени производи за 0,6 %, млекото за 0,5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 %, трбушките и цигарите за 0.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 %.

Во април 2018 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 2,8 %, болничките услуги за 2,6 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,1 %, велосипедите за 1,6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1,3 %, средствата за чистење и одржување на станот, авионскиот превоз на патници за 0,3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на станот, алатитe и опремата за куќа и градина, другите медицински производи, телефон и телефакс-апаратите и телефон и телефакс-услугите, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,2 %.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести