„Сковин“ ја намали загубата

748 Views Мај 9, 2018 Вино Никола Осило

Во периодот од 01.01 до 31.03.2018 година „Сковин“ АД Скопје оствари оперативните приходи од 49,4 милиони денари што е пораст за 24 индексни поени во однос на истиот период минатата година.

„Во 2018 година приходите од продажба на домашен пазар се намалени во однос на 2017 година, а приходите од продажба на странски пазари се зголемени“, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Оперативните расходи во 2018 година изнесуваат 27,1 милиони денари, во споредба со 2017 година кога изнесувале 32,8 милиони денари што претставува намалување за 27 индексни поени.

Оперативната загуба во 2018 година изнесува 4,9 милиони денари, а истиот период во 2017 година изнесувала 10,7 милиони денари, што значи намалување на загубата од оперативно работење.

Нето загубата во 2018 година изнесува 6,3 милиони денари и во однос на минатата година кога изнесувала 13,3 милиони денари има тенденција на намалување.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!