(ВИДЕО) Како изгледаше акцијата на полицијата во “Диво насеље“

Денеска се навршуваат три година од оружената пресметка во кумановската населба “Диво насеље“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Диво Насеље“: Три години, малку вистински одговори, многу прашања и шпекулации

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Фото: МИА/Видео: МВР

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести