Исповед на Симона: По пад од точак, како растев почнав да губам рамнотежа и завршив во количка

Симона Николова е 25 годишна девојка од Скопје која боледува од фридрикова атаксија (нарушување на нервниот систем и немање на рамнотежа на телото).

Потребни ѝ се средства за пресадување на матични клетки во Кина, третманот чини 18.000 долари.

„Дијагнотизирана сум со friedreich's ataxia веќе 15 години. Родена сум како седум месечно бебе и поминато 20 дена под надзор од доктори во болница без инкубатор. Растев како сосем здраво дете до 8 години се додека на истата возраст не паднав од точак и се здобив со силен удар на главата. Неколку месеци по падот, ме дијагностицираа со дијабетес и friedreich's ataxia. Со тек на годините како растев почнав да губам рамнотежа и одење со помош. Веќе 6 години употребувам инвалидска количка како превозно средство“, вели Симона.

Таа додава дека има одлична меморија и одличен вид.

 „Имам осет на цело тело. Многу добро работам на компјутер иако имам тешкоти со третиот и четвртиот прст на двете раце. Сама јадам, а не можам да пишувам. Имам тешкотии во говорот, бавно зборење и замор, но можам да комуницирам со луѓето. Понекогаш со помош можам да застанам на нозе, но немам рамнотежа дури ни при седење. Исто така со години имам сколиоза во долниот дел кај карлицата и колкот речиси 90%“, додава таа.

Во исчекување на телефонските броеви за донации, може да се донира на жиро сметката на Стопанска банка АД Скопје 200003308310704

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.