На автопатите во Србија ќе се вози со брзина до 130 километри на час

Српската Влада на денешната седница усвои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој се предвидува дозволената брзина на автопатотиштата во Србија да изнесува до 130 километри на час, пренесуваат српските медиуми.

- Овој закон се донесува од потребата да се усогласат решенијата кои се однесуваат на ограничување на брзината на автопатите со најголем дел од земјите на Европската унија и затоа досега пропишаната законска брзина до 120 километри на час се зголемува за 10 километри и ќе изнесува 130 километри на час, се наведува во соопштението на Владата на Србија.

Конечна одлука по владиниот предлог ќе треба да даде српскиот Парламент.

Кога ќе бидат усвоени измените на овој закон, тоа автоматски не значи дека на сите делови на автопатите во Србија ќе биде дозволена брзината од 130 километри на час.

Оваа законска измена меѓутоа ќе се спроведува само на оние делови од автопатиштата кои се нови и модернизирани. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.