Куновска: СДСМ да го „притисне“ Заев да ги отпушти советниците од црната листа на САД

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ и една од најдобрите македонски актерки Софија Куновска изрази надеж за расправа во партијата околу именувањето на советниците на премиерот Зоран Заев кои се наоѓаат на црната листа на САД и повлекување на неговата одлука.

„Се надевам дека највисоките органи на СДСМ ќе побараат од Претседателот на СДСМ и Премиер на РМ расправа во врска со именувањето на лица кои се на црната листа на САД за негови советници и одлуката ќе биде повлечена со што ќе се спречи натамошното уривање на угледот на РМ како и на СДСМ како државотворна партија“, напиша Куновска на својот Фејсбук профил..

Советници на Заев кои се на црната листа на САД се Џезаир Шаќири алијас Командант Хоџа и Љубе Бошковски.

Фото:Фејсбук/Софија Куновска

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Командант Хоџа ќе го советува премиерот Заев иако е на црната листа на САД

Командант Хоџа потврди дека добил функција во Владата, „за да преживее„

Командант Хоџа ќе го советува Заев за безбедност?

Љубе Бошковски влезе во Владата како советник на премиерот Заев за странски инвестиции

Кој го советува Заев во преговорите за името

Верушевски го советува Заев за 75 илјади денари

Александар Обрадовиќ му стана советник на Заев

Сите детали: Кој и за колку го советува Заев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!