Распродажба на запленета стока од УЈП: Се нудат автомобили, телевизори и машини по багателни цени

5829 Views Мај 11, 2018 Бизнис Никола Осило

Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на запленети предмети по пат на јавна аукција која ќе се одржи на 31. мај, годинава, но и во слободна продажба.

На продажба се нудат станови, земјиште, автомобили, телевизори, компјутери и други машини и предмети.

Така, автомобил Хјундаи купе од 2004 година се продава за 200.000 денари, Алфа Ромео од 2004 година се продава за 144.000 денари, Фолксваген пасат од 2012 година се продава за 920.000 денари...

Пакет од 20 различни телевизори се нуди за вкупна цена од 123.000 денари.

Целата листа на предметите наменети за продажба ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!