Скопје се разбуди во чад и смрдеа: пожар во Железара

Граѓани преку социјалните мрежи реагираат дека во населбите во околината на Железара од синоќа и утрово има чад, смрдеа и намалена видливост.

Од Град Скопје информираа дека од засега непознати причини, околу 21:30 на 10.05.2018 избил пожар во кругот на Железара, на местото викано Челичарница, отпад за старо железо.

Првично реагирале службите на Железара, а потоа побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје. Во моментов се работи на локализирање на пожарот, со асистенција на ЈП Водовод и Канализација, ЈП Комунална Хигиена, Дирекцијата за Заштита и Спасување на РМ и ОКТА.

Фото: Фејсбук

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Макстил: Причините за пожарот непознати, Челичарница не работи од 29. април

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!