(Фото) Охрид доби нов хотел: „Unique Resort & Spa“

Денеска во Охрид со работа почнува новоизградениот хотел „Unique Resort & Spa“. Се наоѓа во градот, во непосредна близина на Холандскиот парк на Кејот на Охридското Езеро.

Располага со 130 просторни соби, со модерен ентериер и пријатен амбиент, а за гастрономската понуда ќе бидат задолжени готвачи со богато искуство.



Хотелот располага и со модерен спа-центар и фитнес-сала, како и целосно опремени конференциски сали за организирање најразлични настани.



На најгорниот кат на објектот се наоѓа летна тераса со прекрасен поглед на Охридското Езеро, а хотелот располага и со сопствен паркинг. 

Фото: Unique Resort & Spa

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести