Ердоган: Каматите се мајка и татко на секое зло

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повика на намалување на каматните стапки во Турција, оценувајќи дека каматите се „мајка и татко на секое зло“.

- Ако мојот народ на изборите порача дека треба да продолжам по тој пат, јас ви кажувам дека ќе победам во борбата против камшикот на каматите, изјави Ердоган на средба со претставници на бизнис заедницата во пресрет на претседателските и парламентраните избори закажани за 24 јуни. 

По ваквите ставови на Ердоган, вредноста на турската лира забележа пад во однос на водечките светски валути. Еден долар по изјавата на Ердоган достигна вредност од 4,3080 лири. Вчера еден американски долар се менуваше за 4,2374 лири.

Дополнителен притисок врз вредноста на лирата има и загриженоста на инвеститорите дека Централната банка на Турција не може да се справи со инфлацијата. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.