Поранешни и сегашни вработени бараат стечај за телевизијата Нова

Вкупно 43 вработени и поранешни вработени во телевизијата Нова покренaa претстечајна постапка против телевизијата, поради неисплатени седум плати, од октомври наваму, велат за еМагазин поранешни вработени во телевизијата.

„Во моментот бараме законска заштита, но во интерес на процесот не можеме да дадеме повеќе детали. Се соочуваме со пречки и затворени врати, но сме одлучни во барањето за своите права.

Досега неколку пати во телевизија Нова се правеа состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар.

Се соочуваме со притисоци или работете без пари или потпишете спогодбен отказ, а неколку колеги се одјавени без воопшто и да бидат известени за тоа. Запрепастени сме што сите велат имате права, а правата засега се само на хартија и покрај фактот што ги запазуваме сите законски процедури, што ни е дополнителен трошок, а веќе одамна сме без пари.

Ја контактиравме и трудовата инспекција, која направи увид и констатираше неисплаќање. УЈП исто така направи инспекција и го констатираше истото.

Бареме итен стечај, бидејќи по Законот за стечај како вработени со неисплатени над три плати имаме право да бараме покренување на стечај, за што сами плаќаме, но подготвени сме и на тоа, само да заврши оваа агонија. Време е дражавата да покаже дека се грижи за сите работници подеднакво„, велат тие. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Понудени нови услови за вработените: ТВ Нова се враќа со нова програма?

(Фото) ТВ Нова не оди во стечај: Менаџментот со наредба вработените да се вратат, од денеска почнуваат со работа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.