Промени во Комерцијална банка: Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми предложени за нови членови на Надзорниот одбор

4662 Views Мај 14, 2018 Бизнис Никола Осило

Комерцијална банка на престојното Собрание на акционери закажано за 14 јуни годинава за нови членови на Надзорниот одбор ќе ги предложи Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми.

Фатмир Етеми е поранешен член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП) и сега сопственик на градежната компанија „ЗСФ ком“.

Ванчо Чифлиганец е поранешен пратеник од редовите на СДСМ и сопственик на „Адора инженеринг“.

Интересно е што тие се предложени за членови на Надзорниот одбор откако преку нивните компании купија големи пакети акции од Комерцијална банка.

„Мандатот на членовите на Надзорниот одбор од член 1 на оваа одлука трае до истекот на мандатот на членовите на Надзорниот одбор именувани со Одлуките за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка донесени од Собранието на акционери на Банката, на седницата одржана на 23.03.2016 година.

На членовите на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седниците во висина од 21.000 денари“, соопшти банката преку Македонската берза.

Одлуката ќе стапи на сила по добивањето согласност од Гувернерот на Народната банка на РМ.

Од банката објасуваат дека Маргот Џејкобс, на 11.04.2018 година, и Звоне Таљат, на 07.05.2018 година, поднеле оставки од функцијата член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

„Заради тоа се јави потреба од именување на два нови члена на Надзорниот одбор на Банката заради пополнување на бројот на членови утврден со Статутот на Банката.

За предложените кандидати не постојат законски пречки за нивно назначување за членови на Надзорниот одбор согласно Законот за банки и Статутот на Банката. Податоците за предложените кандидати по однос на: возраста, полот, образованието, професионалните и други квалификации, работното искуство и како го стекнале, во кои друштва се или биле членови на орган на управување, односно на надзорен одбор, и други поважни функции што ги вршеле, бројот на акции што ги поседуваат во Банката и во други друштва, како и заемите и другите обврски коишто ги имаат спрема Банката, се дадени во прилог и се составен дел на овој предлог.

Предложените кандидати се лица со големо работно искуство, поседуваат професионални квалификации да ги извршуваат работите од делокруг на работењето на Надзорниот одбор на Банката и ќе придонесат и понатаму Банката да работи профитабилно.

Согласно Статутот на Банката, член 59 и член 61, за предложените кандидати за членови на Надзорниот одбор се гласа јавно, а одлуката за именување на членовите на Надзорниот одбор се смета за донесена ако за неа се изјасниле повеќе од половина од присутните – претставени акционери на седницата на Собранието на банката“, информираат од Комерцијална банка.

Фото: ЗСФ-ком/Фондација Чифлиганец

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

„Адора инжинеринг“ купи 52.189 акции од Комерцијална банка

Се води ли „тајна битка“ за преземање на Комерцијална банка?

Звоне Таљат си поднесе оставка од Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Какво објаснување бараше Македонската берза од Комерцијална банка две недели пред мултимилионските продажби на акциите?

Комерцијална банка ја тресе берзата: Продадени уште 164.000 акции за десет милиони евра 

Двата најголеми акционери ги продадоа акциите: Зошто странците „бегаат“ од Комерцијална банка?

Шведски фонд заработи над пет милиони евра од продажба на акции од Комерцијална банка 

Продадени акции од Комерцијална банка за 18 милиони евра: „Адора Инженеринг“, „Гранит“, „ИГМ-Трејд“ и „Индустри Сервис“ се купувачите

Хари Костов купи 500 акции од Комерцијална банка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!