(Фото) Како изгледа новиот хотел „Unique Resort & Spa“ што се отвори во Охрид

Во пријатен и свечен амбиент, на 11 мај новиот луксузен хотел Unique кој е сместен во блзинина на мостот на Билјанини Извори ги отвори вратите за сите оние кои се во потрага.

Изграден по меѓународни светски стандарди, со модерен и урбан дизајн, хотелот нуди повеќе од што можете да замислите. Секоја од собите е со различен дизајн, нудејќи комфорт на највисоко ниво. Хотел Unique располага со 130 просторни и луксузно уредени соби, кои се опремени со уникатни содржини. Нивниот топол и модерен ентериер зрачи со пријатен амбиент за дружење и престој.

Гостите на хотелот имаат на располагање бесплатен фитнес центар, спа центар, отворен базен со голема тераса,  бесплатен интернет, бесплатен паркинг со голем капацитет и уште многу содржини кои ќе го направат вашиот престој незаборавен. Салите за конференции и разни настани ја надополнуваат понудата на Хотел Unique и за оние кои имаат потреба од бизнис престој.

Локацијата на новиот хотел е една од бенефициите по кои се двои од останатите во регионот. Сместен на самиот брег од Охридското езеро, хотелот на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак на неколку минути од центар на градот.

Не губете повеќе време, посетете го хотелот веднаш и сами уверете се во убавината на хотел Unique Resort & Spa.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Пола Влада на отварањето на новиот хотел во Охрид, „Unique Resort & Spa“

(Фото) Охрид доби нов хотел: „Unique Resort & Spa“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.