„Тиквеш“ ја зголеми добивката

625 Views Мај 14, 2018 Вино Никола Осило

Бруто добивката на винарската визба „Тиквеш“ за првото тромесечие од 2018 година достигна 126 милиони денари, или раст од 19% во однос на истиот период од 2017 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Растот на бруто добивката е резултат на зголемените приходи од продажба. Вкупните приходи од продажба забележаа раст од 45,8 милиони денари односно зголемување за 17%. Приходите од продажба на домашен пазар се зголемија за 16 милилиони денари, односно за 9%, а приходите од продажба на странски пазари се се зголемија за 29 милилиони денари, односно за 31%.

Оперативната добивка е зголемена за 16%, односно за 5 милиони денари, како ефект на оптимизирањето на оперативните приходи и расходи соодветно на продажбата.

Како резултат на зголемената оперативна добивка и пониските финансиски расходи за 4,6 милилиони денари, остварена е добивка од редовно работење од 30 мил. денари, што претставува зголемување за 9,8 милиони денари“, соопшти компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!